(ВИДЕО)Расчистени неколку кражби изминатава седмица

Пет кражби се расчистени изминатава седмица на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, информираше денеска портпаролот Ивана Младеновска. Поради основи на сомнение дека се извршители на делата, приведени се пет лица.

-Од петте кражби, две се извршени во деловни објекти, една во објект на јавно претпријатие и една во објект во изградба, како и кражба на платежна картичка од возило со која беше извршена трансакција. Сторителот веднаш беше пронајден и платежната картичка и парите беа вратени на сопственичката. Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле пет лица поради основи на сомнение дека се извршители на делата. Исто така, вчера беше приведено и лицето кое при размена на пари на 21-годишен маж од кумановско село му дал фалсификувана банкнота од 500 евра, рече Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово

 

Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела, соопшти Младеновска.

 

Коментари

коментар(и)