(ВИДЕО)Хрватската амбасадорка Нивес Тигањ во посета на општина Куманово

Република Хрватска дава силна поддршка за европските перспективи на земјава, но во иднина ќе работи и на унапредување на соработката и односите меѓу двете земји, а особено продлабочување на соработката и пријателството на ниво на општините. Ова е пораката од денешната прва протоколарна средба на хрватската амбасадорка во Македонија Нивес Тигањ со градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски. Тигањ и Димитриевски час и половина разговараа  за можностите за проширување на воспоставеното пријателство преку иницирање и реализација на проекти во областа на културата, економијата.

– Општина Куманово има одлична соработка првенствено со претставниците на хрватската заедница кои што живеат во општината и дополнително сакаме да направиме се да ги унапредуваме тие односи на заедницата.  Претставени се и во Комисијата за односи меѓу етнички заедници, исто така ја информирав амбасадорката дека организираме голем број на културни манифестации каде што и културно- уметнички друштва од Р.Хрватска земаат свое учество и разговаравме на други теми поврзани со економијата и можностите за взаемна соработка. Оценивме дека нивото на соработките се одлични и секако дека ќе направиме се од нашите позиции кои што ги имаме да ги унапредуваме тие односи кои што се традиционални. Р.Хрватска е голем поддржувач на нашата држава за членство во ЕУ, а исто така и еден реален пријател и ние тоа пријателство ќе продолжиме да го негуваме на релација на општина Куманово и амбасадата на РХ во нашата држава Македонија, рече Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

„Република Хрватска и Северна Македонија годинава одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи, а тоа ќе биде одлича можност да ја продлабочиме нашата соработка, за што постојат големи можности и потенцијали“ , истакна хрватската амбасадорка.

– Јас го запознав градоначалникот со сите активности меѓу СМ и РХ, како што знаете Хрватска е поддржувач на европскиот пат на СМ и конкретен поддржувач,  а тоа го докажавме со нашата одлука за отворање на преговори, но и со нашата понатамошна силна поддршка во процесот на продолжението на европските интеграции и конечно добивање датум и свикување на Првата меѓувладина конференција. Хрватска има големи искуства  во обезбедување средства од ЕУ фондовите и тоа би бил еден од аспектите за соработка, но тука е и соработката на полето на културата, економија, здравство. Градоначалникот детално ме информираше за состојбата во Куманово и навистина сум импресионирана и од вашата економија и од потенцијалот и од плановите за инфраструктурните проекти, и како претставник на меѓународната заедница очекувам дека и Владата на СМ, а и меѓународната заедница во рамките на своите можности да дадат поддршка градоначалникот да ги исполни ветувањата дадени на граѓаните, рече Нивес Тигањ, амбасадор на РХ во РСМ

Хрватската амбасадорка Тигањ во дипломатска мисија во Македонија е од ноември 2019-та година.

 

Коментари

коментар(и)