(ВИДЕО) Ангеловска: Владата се грижи за економијата

Владата предводена од СДСМ продолжува со политиките за поддршка на граѓаните и економијата за време на пандемијата. Обезбедени се нови 180 милиони евра, финансиска поддршка за надминување на кризата, од кои 80 милиони се од Европската унија за фискален стимул за стопанството и 100 милиони евра од Европска инвестициона банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, истакна на денешната прес-конференција, Ана Ангеловска, советничка во Совет на Општина Куманово од СДСМ.

-Вчера беше префрлена втората транша со износ од 80 милиони евра, од вкупно 160 милиони евра макрофинансиска помош од Европската унија за  надминување на кризата предизвикана од коронавирусот. Исто така вчера Собранието, го усвои законот за нови 100 милиони евра од Европската инвестициска банка за евтини кредити за мали и средни претпријатија, кои ќе се пласираат преку деловните банки-нагласи таа.

Од СДСМ посочуваат дека е непоходно да се продолжи со поддршката на фирмите за заздравувањето на економијата.

-Во текот на овој месец треба да се потпише и финсиски договор со ЕИБ за ставање во функција на овие 100 милиони евра евтини кредити наменети за финансирање мали и средни претпријатија-дополни Ангеловска.

Наскоро се очекува и нов пакет економски мерки со кои ќе им се помогне на најпогодените граѓани и сектори од економијата, завршија од СДСМ.

Коментари

коментар(и)