Бројот на новозаразени од ковид 19 расте, но продолжува вакцинацијата. Дневно на пунктот во Куманово информираат надлежните од Здравствениот дом, се аплицираат и до 200 вакцини. Се имунизираат прва, втора и трета доза на вакцината Фајзер. Зголемен интерес има кај повозрасните за третата доза, додека помладите се вакцинираат со прва доза.
–Најмладо лице кое има примено прва вакцина и втора има 12 години, најмладо кое има примено трета доза има 18 години како што е дозволено во државата. Има голем интерес за примање на трета доза кај помладите, бидејќи им е потребно за патување, голем број европски држави бараат трета доза за патување во нивната држава-вели д-р Монализа Мемети, лекарка при Здравствен дом Куманово.
Лекарите препорачуваат дека вакцинацијата е неопходна за да се заштити здравјето и да нема компликации од вирусот.
–Апелирам до сите лица кои досега вооопшто не се имунизирани или пак лица кои поодамна промиле две дози вакцини, што побргу да дојдат и да примат трета доза, или прва доза. Вакцината реално докажано е дека шитити од тешки фори на болеста и смрт-дополни д-р Мемети.
Пунктот на Здравствениот дом работи во една смена, од 07.30 до 15. 30 часот. Новиот сој на коронавирусот, омикрон го зголеми и бројот на заразени во Куманово. Во моментов активни на вирусот во Куманово, според податоците на Министерството за здравство, се над 600 граѓани.