(ВИДЕО) Вонредна крводарителска акција

Во Центарот за култура денеска се одржа вонредна крводарителска акција која што ја организира Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

-Се одржува вонредна крводарителска акција, организирана од Институтот за трансфузиона медицина од Скопје заедно со Црвен крст Куманово. Првично би сакал да се заблагодарам на сите крводарители кои денеска даруваа скапоцена течност, која ни е многу потребна во овие тешки времиња, кога владее страв но сепак се одлучија да даруваат крв и со тоа да им помогнат на сите пациенти, а нашето мото е крвата да го чека пацинетот, а не таа него. Инаку за денеска очекуваниот број е околу 50 крвни единици, досега има 15-ина а очекуваме до крајот на денот да има уште посетеност-истакна Ветон Чиче, доктор на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

 

Коментари

коментар(и)