Водата во кумановската пречистителна станица доби црвена боја. Одговорните лица од јавното претпријатие „Водовод“ веднаш го известиле државниот и општинскиот инспекторат за животна средина. Земени се мостри. По направената анализа утврдено е дека во станицата влегла отпадна вода со непознат карактер. Констатирано е дека нема остапувања, концентрациите се во нормала, иако водата е обоена.
Државниот инспекторат за животна средина по извршениот надзор даде упатства да се поверат главните фекални шахти. Овластениот инспекторат да изврши вонредни надзори и кај правните субјекти, кои произведуваат бои и други инсталации, кои можат да предизвикаат обојување на отпадните води.