ВИДЕО: Во акција на „Чистота и зеленило“ засадени 200 садници на Спомен Костурница

По повод Светскиот ден на екологија, јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ организираше акција за пошумување на Спомен Костурница. Вработени од претпријатието во соработка со општинската администрацијата и советниците засадија 200 садници. Со ова го означија почетокот на акциите коишто ќе следат во наредниот период, со цел позелено и почисто Куманово.

-Ќе бидат насадени 200 дрвја, 50 зимзелени, 50 листопадни и 100 од видот бел бор. Се надеваме дека граѓаните ќе се воздржат од девијантни појави и уништување на истите, туку спротивно на тоа ќе се грижат ќе ги наводнуваат, да успееме да ги сочуваме овие дрвја, бидејќи со зачувување на дрвја во наредниот период, на тој начин ќе се справивме и со загадениот воздух, чиста животна средина и тука нема да застанеме, ќе продолжиме и во наредниот период на повеќе локации-истакна директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Даниел Стојчевски.

Паралелно со оваа акција, денеска во соработка со јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ повеќе училишта вршат акции за пошумување на територија на Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)