Православните верници денеска го одбележуваат Свети Никола, слава која ја празнуваат најмногу семејства во кумановскиот регион. Соборниот храм Свети Никола во Куманово со свечена литургија денеска го одбележа и јубилејот 170 години од изградбата на црквата.
За таа цел утринава голем број верници ја посетија црквата, сечеа славски колачи, запалија свеќи за здравје и се помолија за најблиските.

Во црковниот храм пред многубројни верници со литургијата началствуваше Митрополит Повардарски, г.Агатангел во сослужение со надлежниот Митрополит Кумановско – осоговски г.Григориј.