Детската градинка „Ангел Шајче“ од Куманово активно го спроведува проектот за бесплатен престој за 20 деца од ромската заедница, интегрирани во редовните воспитни групи според возраста, ослободени од партиципација за користење на услугите на оваа установа. Оваа мерка е дел од поширокиот проект „Инклузија на деца Роми во јавни детски установи“ кој се реализира во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Куманово. Целта е да се зајакне социјалната интеграција на деца Роми во предучилишното образование, да се поддржи нивниот ран развој, промовирајќи еднакви можности за сите во воспитно – образовниот процес.
„Оваа мерка е активна за учебната 2026/2027 година и е отворена за сите заинтересирани родители од ромската заедница до пополнување на бројката“, информираат надлежните.