(ВИДЕО) Втор ден Духовден, или Педесетница

Верниците го одбележуваат празникот Педесетница (втор ден), односно слегувањето на Светиот дух на апостолите. Духовден спаѓа меѓу поголемите господови празници. Овој празник секогаш се одбележува 50 дена по Велигден, а се смета и за роденден на христијанската црква.

Голем број верници од Куманово ја посетија црквата Света Троица. По литургијата тие добија и листови од орев кои симболично го претставуваат пламенот со кој Светиот дух ги просветлил апостолите.

Педесетница е еден од најсветлите празници во христијанството и се слави три дена.

-Педесетница или денот на слегнувањето на светиот дух е почеток и роденден на нашата света црвква и од тогаш започнува делото на спасениот на апостолите  кои се епископи, владици кои се корен на оние кои денеска ги имаме и свештениците и останатите во православната црква-истакна отец Игор Здравковски, од Кумановско-осоговска епархија.

Според обичаите, во недела не се оди на гробишта, туку се посетуваат светите храмови.

Коментари

коментар(и)