(ВИДЕО) Голем интерес за вакцинација

Од Здравствениот дом во Куманово укажуваат дека е голем интересот за вакцинација. Велат граѓани доаѓаат и без термини, па затоа апелираат да не се создава метеж, сите заинтересирани да се пријават на страницата вакцинација.мк. Установата во моментов располага со 2.000 синофарм вакцини. Досега се имунизирани над 13.000 лица од регионот.

-Веќе трета недела тече масовната вакцинација, не само на граѓаните на Општина Куманово, тука се Липково, Старо Нагоричане, Кратово, Крива Паланка и Ранковце. Сакам да упатам еден апел до граѓаните сите граѓани да не доаѓаат без термини, слободно нека аплицираат на сајтот vakcinacija.mk и за два дена ќе си добијат термин. Бидејќи непотребно се создава гужва, имаме голем притисок, нѐ молат за вакцини и сакам еден апел да имаат трпение, бидејќи сите граѓани ќе добијат термин и сите ќе бидат извакцинирани. Досега до петокот ние потрошивме над 11.000 дози, оваа недела работиме само прва смена и за нас се пуштени само 2.000 дози вакцини, заради тоа и сакам непотребно да не доаѓаат луѓето да не не замолуваат и да не вршат притисок. Ова е вакцина Синофарм, морам да истакнам и дека во Здравствениот дом паралелно сега се дава втора доза од вакцините на Фајзер, тоа е онаа група од над 70 години што ја има примено првата доза пред три недели и овие денови до четврток ќе примаат втора доза од Фајзер. Затоа ги поделивме, овде на пунктот за масовна вакцинација даваме Синофарм, а сите оние граѓани кои треба да примаат втора доза од Фајзер да одат во Здравствениот дом каде што примија и прва доза. Оваа недела ќе вакцинираме над 500 термини има пуштено, значи 2.000 за цела недела-нагласи доктор Снежана Јовановска, началник на Здравствен дом Куманово.

Коментари

коментар(и)