ВИДЕО: Дел од семафорите во градот не работат

Семафорите на булеварот „Октомвриска револуција“ во близина на реонскиот пазар не работат цела седмица, а денеска не беше во функција ниту вертикалната сигнализација на „Трета Македонска“ во центарот на градот. Во случај кога семафорите не работат, ситуацијата е иста како кога крстосницата не е регулирана, односно се применува правилото на десна страна.

Ги прашавме граѓаните дали се почитува правилото и дали се чувствуваат безбедно додека го преминуваат булеварот на пешачки премин?

Најголем дел од кумановци кои што сакавме да ги анкетираме не сакаат јавно да говорат за проблемот кој се провлекува со месеци наназад, иако зад камерата коментираат дека надлежните треба сериозно да поработат на решавање на проблемот со вертикалната сигнализација во градот. Анкетираните апелираат што поскоро семафорите да бидат ставени во функција.

Поради непочитување на правилото на десна страна, но и брзо возење на булеварите, изминатата седмица се случија и неколку сообраќајни незгоди со помала материјална штета.

Заради безбедноста на пешачите, велосипедистите, возачите, кумановци уште еднаш апелираат до надлежните итно да го решат проблемот со вертикалната сигнализација.

 

Коментари

коментар(и)