И градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска ги отфрли тврдењата на СДСМ и коалицијата дека седницата на Советот на Општината е прекината поради несогласувања во владеачкото мнозинство. Според него, седницата била одложена од технички причини, односно поради недоволен број советници во салата.
-Никогаш не функционирала подобро коалицијата како во овој момент и на државно и на локално ниво. Одлагањето на седницата е од технички причини, ако немате доволен број на советници во сала согласно деловникот претседателот е должен да постапи така, инаку крај е на годишни одмори и разбирливо е дека одредени советници не се физички присутни тука во државата, рече Димитриевски.