ЕКГ апарт и два апарати за неинвазивно мерење на крвниот притисок донираа претставниците на командата на бригадата на Југоисточна Европа-СИБРИГ, на општата болница во Куманово. 40-те претставници на армиите на Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, кои од лани се сместени во Куманово, активно се вклучуваат во повеќе хуманитарни и еколошки акции.
–Тука сме да понудиме симоболична донација на кумановската болница и на овој начин да ја изразиме нашата благодараност до лекарите и сестрите кои изминативе две години пружаат помош за заедницата во справувањето со Ковид панедмијата. Се чини дека пандемијата нема скоро да заврши и ваквиот живот стана наша нова нормалност. Би сакал да им посакам да останат силни и безбедни и да продолжат да ја штитат заедницата и да им посакам среќни празници, здравје, мир и благосостојба– истакна Аристедеис Илиопулос, командант на Бригада на Југоисточна Европа – СИБРИГ, бригаден генерал.
Надлежните од кумановската болница изразија благодарност за донацијата. Бригадата и минатата година пред новогодишните и божиќните празници добираше заштитна опрема за оваа здравствена установа.
–Оваа година добивме ЕКГ апарат и два апартаи за неинвазивно мерење на крвниот притисок. Благодарност до нив, ова е еден убав гест во пресред на празниците, за нас секако една добредојдена донација, бидејќи ова се апарати кои ние секоја година ги купуваме, но знаете и сами во период на зголемен обем на работа имаме и повеќе потреба од набавка на истите-истакна директорката на болницата, Снежана Захариева.
Минатата седмица претставниците на СИБРИГ донираше и компјутери и речници на англиски јазик, на основното училиште „Крсте Мисирков“. Бригадата на Југоисточна Европа од 2020 до 2026 година е со седиште во касарната „Боро Менков“ во Куманово.
