Триесетина велосипедисти викендов беа дел од последната трка за годинава од ранг-листата во вело-крос дисциплината што се одржа на Спомен Костурница во организација на Велосипедската федерација на Македонија и клубот „Крос Сајклинг“ од Куманово.
Натпреварувачите во различни категории се движеа по кружна патека, со должина на круг од 2,2 километри, информираат организаторите.