На градскиот плоштад вчеравечер во рамките на 22. издание на традиционалниот Меѓународен тамбурашки фестивал „Куманово 2026“, настапија познати музичари и тамбурашки оркестри од земјава и соседните држави, Нино Величковски, Наум Петрески, Виктор Димитриевски, Боби Амадеус, „Ла Банда“, Нина Стругар, ГТО „Плевља“, Т.О. „Табиет“.
Манифестацијата ја отвори градоначалникот Максим Димитриевски истакнувајќи го значењето на фестивалот, кој со години е препознатлив белег и заштитен знак на нашиот град.
Тамбурашкиот фестивал е организиран од Фондацијата за култура и спорт, под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово. На сите учесници и покровители на овогодинешното издание им беа доделени благодарници, како знак на признание за нивната посветеност и поддршка кон оваа значајна културна манифестација.
Инаку, пред почетокот на музичката програма, градоначалникот организираше прием за гостите-учесници од странство и за домашните изведувачи, а денеска во пресрет на 21. издание на традиционалниот меѓународен фестивал „Рома труба фест Куманово 2026“ оствари средба со учесниците од францускиот музички состав,кои ќе настапат како специјални гости на втората фестивалска вечер, на градскиот плоштад во Куманово.