Расте бројот на жени-пчеларки во североистокот. Во кумановското здружение „Пчела“ шест од членовите се жени. Една од нив е Славка Ристовска, која над 35 години се занимава со оваа дејност. Произведува мед но и бројни пчелни производи.
Од здружението „Пчела“ Куманово информираат дека од 105 членови, шест се жени на возраст од 18 до 65 години. Велат интересот и кај жените, но и кај мажите, е се поголем. Очекуваат успешна пчеларска година.