На детскиот оддел во кумановската болница е забележан зголемен број на болни и хоспитализирани деца.
Од оваа здравствена установа информираат дека дневната амбуланта ја посетуваат дури до 120 дечиња од предучилишта и училишна возраст.
Велат симптомите варираат од блага настинка, до воспаление на белите дробови.
Здравствените работници со апел периодов децата да се чуваат дома.