Колекционери на мали колички од Куманово и од цела Македонија во сабота во паркот кај комплексот згради К4 и К5, во близина на економското училиште ќе ги изложат своите модели во периодот од 12 до 18 часот.
Паралелно ќе има и забавни игри за најмалите, а здружението „Форма Куманово“ ќе го збогати настанот со исцртување графити на дел од станбените блокови.
Инаку, паркот претходно беше уреден на иницијатива на станарите со сопствени средства.