(ВИДЕО) Изработка на неколку проекти, значајни за Куманово, приоритет на ЈП„Куманово план“

Јавното претпријатие „Куманово план“ ќе продолжи да изработува проекти за израдба на кружни текови, реконструкција на училишта, како и на дупови по што ќе се овозможи простор за инвестиции, информираше новиот директор, Бобан Николовски. Истакна дека веќе се работи на проект за кружен тек на крстосницата Гоце Делчев – Трета МУБ, кој завршува со крстосницата со Доне Божинов и Октомвриска револуција, со уште едно вакво сообраќајно решение.

-Паралелно работиме и на урбанистички идеен проект за гимназијата Сами Фрашери. Работиме проект за целосна реконструкција на основните училишта во Агино село и Речица. Работиме и на повеќе дупови истовремено дупот Панче Пешев кој кога ќе биде целосно завршен ќе овозможи граѓаните да добијат нова детска градинка и основно училиште. Исто и дупот Перо Чичо кој кога ќе биде завршен целосно во тој дел од градот ќе може граѓаните да добијат градинка. Дупот 11-ти Октомври го работиме и почнавме сега да работиме на дупот за кумановци попознат како Бањски комплекс-нагласи Николовски.

Новиот директор на Куманово план потенцираше дека во соработка со секторите од општината и градоначалникот, ќе се даде приоритет и на изботка на проект за реставрација, санација и адаптација на дел од Занаетчискиот дом, познат како стар градски архив.

-Ќе работиме и на урбанистичкиот, основниот и сообраќајниот проект за кружниот тек кај Зелен пазар и сите околни улици. Ќе работиме  на проекти за санирање на улиците, Моша Пијаде, 11-ти Октомври, изградба на улиците во Гладно поле. Граѓаните на Куманово ќе бидат изненадени од ефектот кој ние како ЈП ќе го дадеме и како придонес во сите оние проекти кои ќе ги видат изградени-дополни тој.

Николовски истакна дека се за поздравување двата проекти кои биле изработи пред тој да дојде на функцијата, а се однесуваат за реставрација, санација и адаптација на Соколана и за кружниот тек на Трета МУБ и Октомвриска револуција. Нагласи дека е задоволен од состојбата во претпријатието.

-На ова претпријатие му е потребен континуитет што одредени менаџери кои ќе доаѓаат ќе се надоврзуваат со нивната додадена вредност. Ќе носат нова енергија, брзина на нови проекти, нов квалитет на работење, со цел граѓаните на Куманово да имаат услуга што ја заслужуваат. Заедно со општината сметам дека ова претпријатие има можност и капацитет да работи барем малку подобро од она што функционирало досега. Претпријатието функционира со еден релативно млад тим, тоа се луѓе кои и покрај тоа што се свесни за дипломата и знаењето што го имаат се нафатиле да работат во јавното претпријатие за таа плата за која што работат, а имаат можност и свесни се за тоа можеле да работат на други места за поголеми примања. Тоа е за почит, затоа давам целосна поддршка на вработените во претпријатието затоа што како тим можеме да се надоградиме да дадеме многу повеќе-дополни тој.

Николовски, кој е дипломиран економист досега беше вработен во Царинска управа на Македонија.

Коментари

коментар(и)