Со вчерашната претстава „Илуминати“ на Театар Комедија од Скопје програмата на „Денови на комедијата“ е до половина од годинешните предвидени претстави. „Илуминати“ е претстава во режија на Синиша Евтимов, а играат: Валентин Костадиновски – Тино, Наталија Теодосиева, Сергеј Димовски и Атанас Атанасовски.
Досега фестивалот е посетен од над 3000 љубители на комедијата.
Вечерва, на репертоар е претставата од Театар Лесковац, Србија, „Чекајќи го лекарот“.