На иницијатива на отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска се одржа средба на која претставници на повеќето институции во градот зборуваа за зачестената појава на питачење и деца на улици. Тие истакнаа дека е неопходно заеднички да се најде решение и да се надмине овој долгогодишен проблем.