(ВИДЕО) Калин Илијевски – државен првак во гимнастика во категоријата помлади пионери

Шестгодишниот Калин Илијевски е државен првак во гимнастика во категоријата помлади пионери, а осумгодишниот Милош Јовановиќ освои трето место на Државното првенство што деновиве се одржа во Битола во организација на Федерацијата на гимнастички спортови на Македонија. На истиот натпревар во категоријата јуниорки, 13 годишната Вања Денковска  влезе во најдобрите седум гимнастичарки. Тројцата се членови на Школата за спортска гимнастика „Атлета“ од Куманово која успешно функционира веќе две ипол години со тренерите Никола Златановски и Филип Миленковски кои што посочуваат дека првпат по четириесетина години гимнастичари од нашиот град  учествуваат на државно првенство и се вратија во Куманово со врвни резултати.

Школата за спортска гимнастика „Атлета“ секојдневно запишува нови членови, на возраст од 4 до 15 години.

Коментари

коментар(и)