ВИДЕО: КАМ од денеска и во Алфи, ќе работат и во недела

Кумановци своите секојдневни потреби за прехранбени и непрехранбени производи отсега можат да ги задоволуваат во нов, современ продажен простор на маркетот КАМ, сместен во Алфи Техноцентар во населбата Карпош.  Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, го отвори новиот трети маркет во Куманово.

На простор од околу 550 метри квадратни, обезбеден бесплатен паркинг простор од Алфи Би, збогатена понуда на производи, модернизирана пекарница и поголема прегледност при пазарењето, потрошувачите ќе можат да ги набават сите неопходни производи.

– Продажната мрежа на „КАМ“ продолжува да расте, ова е нашиот 78. маркет. Со асортиман кој го сочинуваат околу 1.700 артикли меѓу кои добро познатите производи под КАМ марка, како и познати интернационални брендови, остануваме посветени на целта да го доближиме високиот квалитет по редовно ниски цени до сите граѓани – велат од „КАМ“.

Поволност е што маркетот како и Алфи Би ќе работат и секоја недела од 10 до 20 часот. На големото отворање утре од најпознатиот техноцентар во градот, најавуваат дека со сметка над 1.690 денари потрошувачите ќе добијат гратис кроасан и кафе. Кумановци знаат „се што ви треба на едно место, сега и во недела во Алфи Куманово“.

 

Коментари

коментар(и)