(ВИДЕО) Колевски: Ќе продолжат инвестициите во спортот

Градење на нови модерни спортски терени со тартан подлога во секое основно и средно училиште, и во секоја урбана или месна заедница каде што во моментов нема. Целосна реконструкција на надворешниот и внатрешниот дел на Спортската сала, реконструкција на комплексот Соколана и градскиот стадион, најавија од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“. Кандидатот за советник, Филип Колевски посочи дека е планирана и реконструкција на спортскиот комплекс во поранешниот дом на АРМ со мултифункционално игралиште  со тартан подлога, спортска опрема, реквизити и реконструкција на трибини и изградба на мото крос патека за адреналински спорт со мотоцикли.

Во следниот мандат предвидуваме изградба на мини аква парк во рамки на комплексот отворен и затворен градски базен, како и изградба на скејт парк во близина на комплексот, изградба на трим патеки за трчање со тартан подлога по должина на градскиот кеј. Во план е да направиме мала сала за тренинг за боречки вештини и модерен балет на локација зад затворен градски базен. Ќе продолжиме да го развиваме училишниот спорт. Ќе ја зголемиме поддршката за спортските клубови, ќе организираме уште повеќе спортски активности на локално, национално  и интернационално ниво-нагласи Филип Колевски, кандидат за советник „За наше Куманово“.

Од граѓанската иницијатива За наше Куманово нагласија дека изминативе четири години локалната власт вложила многу во спорот. Изградени се модерни спортски терени во училиштата, се реконструираше игралиштето во спортскиот комплекс Соколана, а почна и реконструкција на кровот на Спортската сала. Се изгради голем спортски комплекс на локалитет Спомен Костурница, две спортски игралишта за кошарка во близина на спортската сала, поставени се четири детски катчиња и шест нови игралишта со тартан подлога. Тие ја бараат поддршка од граѓаните, со цел да продолжат вложувањета во спортот и подобрување на спортските објекти.

Коментари

коментар(и)