Чуварите на традицијата, здружението на граѓани „Коледари“ и годинава традиционално Бадник го одбележаа пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со музика, греана ракија, бадникови гранчиња. Претходно присуствуваа на литургијата во соборниот храм „Свети Никола“ и како и секоја година се избра кум на прославата. Годинава паричката се падна кај Дарко Радевски.
Заедно со членовите на Коледари празнуваа стотици граѓани на Куманово, градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот, Ивана Ѓорѓиевска.

На прославата беа поделени и бадниковите гранчиња, кои пред десетина дена здружението ги набра во селото Косматац.