По растот на новозаболени од ковид 19 во Европа, и во земјава е регистриран благ пораст на нови случаи. Комисијата за заразни болести, по два месеца, за утре закажа состанок, иако какошто вели првиот човек на македонското здравство, состојбата се уште не е алармантна.
Тој не прецизираше дали се можни итни рестриктивни мерки, но укажа дека мора да се направи анализа и доколку има потреба, навреме да се делува.
-Зависно од неделните анализи што ќе кажат, доколку дојдеме до нив, тоа знаете е со градација, скалесто, како што се зголемува бројот на новозаразени, зависно во кој период и кои ни се целните групи така носиме и одлуки за заштита односно рестриктивни мерки. Јас посакувам да не се вратиме на старото, но мора да бидеме спремни, внимателни -истакна министерот за здравство, Беким Сали. Одржување хигиена, носење маска во затворена просторија, се уште како мерка не сме ја донеле но следно би било тоа, и одржување на личната хигиена која што е многу значајна за заштита од ковид 19-истакна Сали.