Здружението на преведувачи и толкувачи денеска во Куманово ја одржа десетата годишна конференција. Темата на конференцијата беше „Здравствените предизвици кај писмените преведувачи и усните толкувачи“. Пред присутните зборуваа лекар ортопед, јога инструктор и психолог.