Со дефиле на најмалите, но најбројни учесници, дечињата од градинката „Ангел Шајче“ викендов беше отворено 21-то издание на маскенбалот „Батко Ѓорѓија“ во организација на Фондацијата за култура и спорт.
На градскиот плоштад под маски продефилираа 16 кретивни групни маски со околу петстотини учесници.
Маскенбалот и годинава имаше ревијален карактер, но организаторите сметаат дека треба да се врати натпреварувачкиот карактер на манифестацијата.
За маскенабалот годинава од општинскиот буџет одвоени се педесет илјади денари.
