Основното училиште „Карпош“ во село Умин Дол одбележува 97 години постоење и успешна воспитно-образовна дејност.
„Ние сме лидери во неформалното образоние и тоа го потврдуваме со повеќе успешно спроведени еко акции, поддршка и учество во сите манифестации кои се организираат во нашите три села каде опстојува училиштето, а и први сме во продукција на краткометражни филмови за кои веќе имаме добиено и признанија“, истакна директорот Мирослав Димевски, по повод патрониот празник на училиштето „Карпош“.
