ВИДЕО: „Кумановски акцијаши“ се враќаат на активностите, планирани и обуки

Здружението „Кумановски акцијаши“ по паузата предвизика од пандемијата, се враќа на редовните активности. По повод 1-ви април, Светскиот ден на доброволното ангажирање веќе се одржа еколошка акција, а вакви настани според програмата на здружението ќе се реализираат за Денот на формирањето на здружението, како и за 22-април, Денот на планетата земја. Планирани се активности на територија на целата општина.

-Не само на уредување и унапредување на зелените јавни површини, туку и на сите локалитети каде што граѓаните ќе не викнат затоа што можат слободно да си организираат акција, да не поканат. Кумановски акцијаши со своето членство ќе биде таму. Еколошките акции се неопходни затоа што тие имаат повеќекратна намена и порака. Една од пораките е будењето, развојот на еколошката свест и култура, која очигледно во Куманово недостасува многу. Имајќи во предвид дека ние за овие седум години колку што функционираме имаме 380 еколошки акции, 50 акции на пошумување, а вклученоста на граѓаните индивидуално е многу мало-вели претседателот на Кумановски акцијаши, Јусуф Љатифи.

Од кумановски акцијаши сметаат дека е неопходен разввој на еколошката свест и тоа започнува од младите. Здружението изработи и пилот проект еко работилници на кои ќе учествуваат 25 ученици. Ќе бидат опфатени две средни и четири основни училишта. Според возрасната структура велат најмладиот член има 3 години, а највозрасниот 78 години.

Коментари

коментар(и)