Меѓународна изложба на уметнички дела со наслов ,,Без дистанца” на македонски и бугарски академски ликовни уметници, ќе се отвори утревечер во Центарот за култура „Трајко Прокопиев” – Куманово. На изложбата ќе бидат изложени 40 дела, а ќе учествуваат 10 македонски и 10 бугарски академски ликовни уметници. Оваа изложба е заеднички проект на националната установа Центар за култура ,„Трајко Прокопиев” – Куманово и Уметничката Галерија – Русе од Република Бугарија. Изложбата веќе беше презентирана пред јавноста во Уметничката Галерија – Русе, во истоимениот град на 18 октомври.
-Ги покануваме сите кумановци да дојдат на оваа изложба и да ги погледнат сликите, навистина има одлични дела, сликани од македонски и бугарски автори, и сигурен сум дека публиката ќе ужива во оваа изложба. Ова е прва соработка со Националната галерија од Русе, инаку соработуваме со некои театари од Република Бугарија, ги очекуваме да дојдат гостите утре во Куманово, заедно со директорката, сигурни сме дека соработката ќе продолжи и понатаму помеѓу нашите институции-истакна директорот на Центарот за култура Куманово, Сашо Тодоровски.
Изложбата која ќе се отвори утревечер во 19 часот, ќе биде поставена до 7-ми декември.