Заврши реконструкцијата на делница Ропаљце и Матејче

Заврши реконструкцијата на делницата Ропаљце и Матејче од државниот пат во општина Липково, соопштија денеска од јавното претпријатие за државни патишта. Делницата во должина од скоро три километри ги поврзува двете населени места, обезбедувајќи безбедно движење за возачите.

-Завршена реконструкцијата на државниот пат делница Ропаљце – Матејче во должина од 2,79 километри. Ширината на патот е променлива и се движи од 5,5 метри до 5,9 метри. Вредноста на проектот е 113.332.415 денари, соопшти ЈПДП. Изведувач на работите е струмичката „Жикол“ заедно со „Илинден“ од. Струга. Надзорот т го спроведуваше скопската „Евро Консалтинг“ заедно со „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје.

Коментари

коментар(и)