ВИДЕО: Младински центар ќе добие градот

Советот при Општина Куманово едногласно ја изгласа одлуката градот да добие младински центар. Младите ќе можат заеднички да креираат проекти. Советниците од различните партии се согласија дека одлуката треба да се донесе во интерес на младите без разлика што е предизборен период.

Ние како Совет од поодамна ја почнавме иницијативата за формирање на младински органи и тела кои ќе работат во интерес на подобрување на животот на младите во Куманово. Со денешната одлука за формирање на Младински центар во Куманово, формираме центар со кој ќе раководат младинските организации од нашиот град, со заедничка цел, без разлика на политичка верска или која било друга поделба сите заеднички ќе работат во духот на мултиетничноста и во духот на подобар и побогат живот на младите во нашиот град, изјави Соња Тодоровска, советничка од СДСМ.

Центарот треба да биде место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми кои ќе ја подобруваат благосостојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот.

-Усвоен е младинскиот совет, едногласно со поддршка на сите советници без разлика на која политичка опција припаѓаме и горда сум што сум дел од овој совет што донесовме една таква организација во која младите од Куманово ќе бидат заедно, ќе творат и ќе градат за поубаво општество во Куманово-изјави Слаѓана Ѓорѓиевска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Согласно одлуката со центарот треба да раководи избрана и регистрирана младинска организација, со над петгодишно искуство. Општината  треба да обезбеди дел од срадствата за реализација на програмата.

Коментари

коментар(и)