Благодарници за придонесот за Меѓународниот фолклорен фестивал, добија неколку поединци и приватни фирми, од организаторот Културно уметничко друштво „Панче Пешев“ и Младинскиот културен центар Козјак од Куманово.
Традиционално како и претходните години и овој пат по завршувањето на 3-от фестивал, организаторите на средба изразија благодарност за помагателите на манифестацијата.
Претседателот Мирослав Крстевски истакна дека е задоволен од самиот фестивал, настапите на учесниците од земјава, соседството и пошироко.