ВИДЕО: Наставници бараат целосно повлекување на Новата концепција за основно образование

Целосно повлекување на Новата концепција за основно образование и итно печатење учебници по наставните планови и програми до 2020-та година, бараат членовите на здружението на просветни работници од Куманово. За барањето кое минатата седмица е упатено до сите надлежни институции се уште не добиле одговор. Освен што недостигаат учебници по историја, веќе долго време нема учебник ниту по англиски јазик.

Коментари

коментар(и)