Министерството за култура одобри само 50.000 евра за реконструкција на кумановскиот театар. Средствата се недоволни за да продолжи третата фаза, која предвидуваше замена на кровот и поставување на светлосен мост. Надлежните се надеваат на дополнителни средства, но тоа може да биде и идната година. Актерите пак се надеваат дека министерството ќе биде и „нивна мајка“ и дека ќе ги слушне нивните барања.
ВИДЕО: Недоволно средства за реконструкцијата на кумановскиот театар
