Кумановската болница се соочува со недостиг на лекари специјалисти, но и на помошно- технички персонал.
Надлежните се надеваат дека со најавените вработувања на специјализанти во јавното здравство, постепено ќе се решаваат повеќегодишните проблеми во здравствениот систем.
Инаку, најавените над илјада вработувања во здравството го поминале владиниот филтер и добиле согласности од министерството за финансии, конкурсите ќе се распишуваат во јануари, информираше денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
