(ВИДЕО) Нови 150 контејнери ќе се постават во градот

150 нови контејнери ќе бидат поставени во централното подрачје, информираат од општина Куманово. Овие садови за смет се дел од проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област”, во рамки на Програмата за прекугранична соработка, а во која е вклучено јавното претпријатие „Водовод” од Куманово и регионалната компанија „Хидроморава” ид Гњилане. Во рамки на проектот е и изградбата на атмосферска канализација на улицата „Братство единство” која е веќе е реализирана.  Вкупниот буџет за овој проект изнесува 228.000 евра.

-Намалени се ризиците од поплава во централното градско подрачје, придобивки имаат самите граѓани кои живеат тука, околните улици и институциите кои се наоѓаат во тој дел од градот, како што е детската градинка, ЈП Чистота и зеленило, Домот за стари лица, сметаме дека во овој дел ќе ги намалиме ризиците од поплавите-посочи Даниел Стојчевски од Општина Куманово.

Општината  веќе подолг период е вклучена и во проектот за изградба на регионална депонија. Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ веќе доби 8 возила за изнесување на смет, а наскоро треба да пристигнат и  уште 1.300 контејнери.

-Сите овие контејнери кои ќе пристигнат а кои се донација во рамките на овој проект исто така ќе бидат поставени и во централно градско подрачје каде ќе бидат заменети дотрајаните посточеки контејнери, но и во околните населби и села, со цел да имаме поголем простор и површина, каде граѓаните ќе можат да го одлагаат отпадот а  на тој начин нормално и да се намали создавање на оние диви депонии кои што ги имаме. Веќе знаете дека минатиот месец се исчитени некаде околу осум локации, каде што имаше диви депонии Туш, на влезот на градот, на Свети Николски пат, на влез на Прмакови ниви-нагласи Стојчевски.

Од општината апелираат до граѓаните да не одлагаат отпад кај што ќе стигнат, туку да ја чуваат животната средина.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)