ВИДЕО: Одбележан патрониот празник во ОУ „Крсте Мисирков“

Основното училиште „Крсте Мисирков“ денеска го одбележа патрониот празник, 147 години од раѓањето на македонскиот филолог, кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис, славист, историчар.

За таа цел учениците, согласно здравствените протоколи, изведоа културно уметничка програма, која ја подготвиле заедно со наставниците.

На манифестацијата беа наградени и наставниците кои веќе 15 години се дел од оваа образовна установа, но и оние кои годинава заминуваат во пензија. Се положи цвеќе и пред бистата на Мисирков.

Директорот, Филип Колевски истакна дека се горди што нивното училиште го носи името на овој македонски деец.

-За жал принудени бевме покрај овие ограничувања да направиме поскромна свеченост, се одржаа натпреварите кои секоја година се по повод патрониот празник, имавме некои поскромно издание, сепак да се одбележи да не помине овој ден така. Инаку сите знаеме помниме, многу ученици, генерации поминале, професори, родители, на маркантни дури изданија на тие приредби што се врв на креативното творештво на таа симбиоза меѓу учениците и менторите нивните наставници. Се надевам дека наредната година уште позначајно ќе го прославиме овој ден како што доликува за еден македонски деец-нагласи Колевски.

Колевски се надева дека и во иднина учениците ќе продолжат со успешни резултати и бројни награди од натпреварите. Нагласи дека ќе се работи и на низа проекти.

-Има доста амбициозни ученици, ова училиште секогаш важело за водечко, да не правиме некое рангирање и секогаш постигнувало успех. Тоа и како ученик сум го почувствувал, како професор, сега и како директор сакам да се развива и да стане она што е училиште, пример за успешност на самите ученици-дополни тој.

На манифестацијата присуствуваа претставници од општината, секторот за образование, училиштата, родители.