Основци од „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, кои делат заедничка зграда, учебната година ја почнуваат во гимназијата „Гоце Делчев“. Ова следи, бидејќи се уште нема решение за проблемот со кровот на нивните училишта. Станува збор за ученици од трето и петто одделение. Одлуката првин ја одобрија родителите, училишните одбори, а вчера ја изгласаа и советниците при Советот на општината. Проблемот со кровот со зградата која што ја делат двете основни училишта датира од 2018-та година. Но веќе две години надлежните алармираат за влошената состојба. Лани по одлука на Министерството за образование и наука учениците посетуваа комбинирана настава, со физичко присуство и онлајн. Годинава родителите не прифатиле учениците да имаат наставата од дома.
-Бевме принудени во овие три месеци да бараме алтернативни решенија со цел учениците пред се да бидат безбедни. Временскиот период беше доста краток мораше да најдеме алтернативно решение. Знаеме дека горниот кат е веќе целосно уништен, плафоните се накистани, небезбедни. Решивме заедно со директорите сите оние просторни услови да бидат искористиме и во функија на учениците. Уште во јуни испративме допис од училишен одбор од двете училишта. Онлајн наставата не ги дава резулатите како со физичко присуство. Лани согласно одобрението од МОН учениците посетуваа комбинирана настава две недели одеа на онлајн настава две на училиште. Поттикнати од тоа родителите донесоа одлука тие да бидат во учиишните клупи-истакна Александар Јовановиќ, раководител на Сектор за образование Општина Куманово.
Гимназијата „Гоце Делчев“ била најприфалтиво решение за времено користење на просториите, бидејќи се наоѓа на само неколку стотина метри од двете училишта. За учениците од „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци наставата во гимназијата ќе се реализира во различен временски интервал, 15 минути подоцна. Тие ќе работат во четири различни простории.
На два дена пред учебната година, Владата информираше дека се обезбедени средства за реконструкцијата. Обезбедени се околу 15 милиони денари со кои ќе се реконструира крвот. Постапката за избор на изведувач на градежните активности е планирано да започне следниот месец. Надлежните се надеваат дека основците во второто полугодие ќе се вратат во својата училишта зграда.