Очната лекарка која е осомничена за земање мито е вратена на работа во општата болница во Куманово.
Директорката на кумановската болница Снежана Захариева, информира дека кривичната постапка е во тек, претходно била изречена дисциплинска мерка за времено отстранување, но согласно законот немаат право да изречат забрана за вршење дејност.
Таа е вратена на амбулантски прегледи, но не и на оперативни, за кои е осомничена за мито.