ВИДЕО: Отворена сензорна соба во ОУ „Бајрам Шабани“

Сензорна соба доби основното училиште „Бајрам Шабани“. Станува збор за инвестиција која е во рамки на проектот „Биди ин, Биди Инклузивен, биди Инклудиран“, финансиран од Европската унија, а го спроведува Фондацијата „Чекор по чекор“, Здружението „Инклузива“ и „Хендимак“.

Досега низ државата се отворени дванаесет сензорни соби во училиштата, неколку инклузивни игралишна и сензорна градина.

Од здруженијата посочуваат дека мал број училишта во државата претходно располагале со сензорни соби, преку кои значајно може да се придонесе за поголема инклузија, односно квалитетно образование за дечињата со потешкотии.

Коментари

коментар(и)