По предлог на општината, Советот изгласа одлука со која се отпишани речиси еден милион и триста илјади евра по основ на даночни побарувања кон граѓани и фирми. Точката предизвика долга расправа, дел од советниците прашаа кој дозволил и зошто треба да се прости ваква сума и дали некој ќе сноси одговорност.
Потенцираа и дека отпис треба да се прави секоја година, а во Куманово единствениот е направен во 2019. Побараа точката да биде повлечена, уредена по потоа да се најде на дневен ред.
Надлежните одговорија дека станува збор за апсолутна застареност и дека се исцрпени сите законски можности за наплата. Овие побарувања велат се нереални и нема можност да ги наплатат, а се доведува во прашање самата реализација.