(ВИДЕО) Пандемијата стивнува, препораките остануваат

Пандемијата стивнува, но препораките остануваат. Епидемиолозите препорачуваат граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките, но и масовно да се вакцинираат. Во наредниот период очекуваат нов бран, но со далеку помал интензитет од третиот. Во Куманово од денеска започна да функционира и молекуларна лабораторија, за спроведување ПСР тестирања. Досега на пункт се земаа брисеви, но се носеа на испитувања во Скопје. Граѓаните резултатите ги чекаа и по неколку дена.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)