(ВИДЕО) Патронен празник на ОУ „Христијан Карпош“

Основното училиште „Христијан Карпош“ денеска одбележува 78 години од загинувањето на кумановски командант и народен херој, како и 63 години од постоењето на училиштето. Пред бистата на Карпош, во дворот на училиштето цвеќе положијa претставници на училиштето,  општината, советот. Пред присутните се обрати директорот, Мирољуб Пауновиќ, кој истакна дека денеска оддаваат почит за херојот кој сторил се за својот народ. Традиционално по повод патрониот празник во училиштето се одржале планираните активности.

-Организиравме низа активности, меѓу кои спаѓаат спортски натпревари кои се реализираа во нашата училишна спортска сала, потоа литературен награден конкурс и ликовен конкурс на кој што нашите ученици покажаа убави резултати.  Во петок организиравме манифестација на која беа доделени пофалници и дипломи за првонаградените ученици. Денеска имаме официјално чествување на патронот со полагање на свежо цвеќе пред бистата на нашиот патрон. Нашето училиште опстојува и работи успешно, првото полугодие оваа учебна година го реализиравме со физичко присуство. По завршување на зимскиот распуст иако продолжен, успеавме да се организираме за празникот, очекуваме второто полугоде да биде исто успешно. Секоја година пред пандемијата организиравме низа активности за одбележување на патрониот празник но поради условите оваа година сме ограничени во тие активности-нагласи тој.

За ликот и делото на Христијан Карпош творби прочитаа и ученички од истоименото училиште, посочувајќи дека станува збор за светла личност од македонската историја.

Во основното училиште „ Христијан Карпош“во населбата Перо Чичо се образуваат над 1200 ученици. Надлежните од училиштето се надеваат дека позитивните резултати и бројни награди ќе продолжат и во второто полугодие. Во училиштето од неодамна е завршена целосна реконструкција на прозорци, подови, санитарни јазли. Одобрен е и проект за термо фасада, која треба да се реализира наредниве месеци.

Коментари

коментар(и)