Повторни испитувања на свињите и средба со надлежните бараат жителите на селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село, коишто тврдат дека е неосновано уништувањето на свињите во овој регион. Тие денес повторно го блокираа регионалниот пат. Блокадата овој пат траеше два часа и беше целосна. Екипата на ТВ Плус се обиде да добие одговори од Агенцијата за храна и ветеринарство, но тие не одговорија на нашите повици.
