Дивата депонија на влезот на населбата Перо Чичо, кај поранешниот маркет „Туш“ денеска повторно се чистеше. Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ во соработка со Македонски железници денеска со тешка механизација го отстрануваа сметот кој што несовесни граѓани го натрупале во изминатиот период, а како што велат надлежните, има од облека и мебел до градежен отпад.