Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ продолжува со поставување на полуподземни контејнери за комунален смет на различни локации во општина Куманово. Во наредниот период ќе бидат поставени нови контејнери на вкупно седум локации.
Надлежните со апел до граѓаните да не ги оштетуваат садовите за смет, а пак инспекциските служби да ги казнат несовесните кумановци.
Вчера заврши и петдневната акција за собирање на кабаст отпад.
Директорот на комуналното претпријатие Ненад Стојановски, задоволен е од интересот што го пројавиле граѓаните за бесплатното одлагање на отпадот на локациите во населбите Перо Чичо и Карпош и на т.н. Романовски пат.
Неколкудневна акција ќе се реализира и во текот на месецов, но допрва ќе бидат објавени локациите, велат надлежните од „Чистота и зеленило“.
Иако повеќедневните акции во февруари, март и април месец се реализираат по насоки од Министерството за животна средина и просторно планирање, комуналното претпријатие акции за собирање на кабаст отпад реализира четирипати годишно, вообичаено за време на викендот, со цел да бидат поуспешни.