Во кумановската болница започнува да функционира флеболошка амбуланта, која ќе прима пациенти со болести на вените. Амбулантата е сместена во новиот ургентен центар. Закажувањето ќе оди преку Мој термин, а ќе се работи со најновиот апарат за ехо дијагностика кој е набавен со поддршка на Министерството за здравство и Светската банка.
-Статистиката кажува дека 30 до 40 проценти од возрасната популација има некој проблем со венска циркулација, односно 2 од 3 жени имаат проблем со проширени вени, односно 1 од двајца мажи, релативно доста се чести, се должат на брзото темпо на живеење, генетска предиспозиција, главно комбинирана со стоење или долго седење-истакна Наташа Јовановска, специјалист по општа хирургија.
Здравствените работници укажуваат дека со редовни контроли, навремени терепии ќе се спречат компликациите кои може да се јават кај пациентите со проширени вени.